Виц: Депресивен скржавец на психијатар


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Еден скржав човек оди на психијатар, многу тажен и во депресија.
Психијатарот:
– Според мене, вашата тага е резултат на нетрошењето пари. Направете една шопинг терапиј и проблемите ќе исчезнат.
– Каква е таа шопинг терапија?
– Отидете еднаш во трговски центар и потрошете многу пари, купете си сѐ што ќе посакате.
Го послушал скржавецот и наредната недела се враќа на контрола, но пак тажен.
– Ми го послушавте ли советот? – Прашува психијатарот.
– Да, но нема никаков ефект.
– Колку пари потрошивте?
– 30.000 денари.
– Па тоа е солидна сума, би требало да има ефект. А што си купивте?
– 500 евра.