Мајтап

Виц: Дедо на смртна постела и чашка ракија

Стар дедо лежи на смртна постела. Околу него се собрале роднините и “чекаат”… По едно време бабата вели:
– Дајте да му дадеме да се напиете малку млеко пред да умре…
– Зошто млеко?! – вели синот – Подобро да му дадеме да пивне малку ракиичка, голем мераклија беше!
Настанува врева – едни трчаат по млеко, други бараат ракија и на крај во гужвата, му го ставаат и млекото и ракијата во иста чаша. Му даваат на дедото, тој пивнува една голтка, наеднаш скокнува, се ококорува и вели:
– Многу добро да ја чувате оваа коза!!!

Advertisements
To Top