Виц: Дечкото се заљубил во спонзоруша


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Се заљубил еден млад човек во една убава и згодна девојка. Ѝ ги кажал своите чувства, а девојката веднаш го прашала неколку прашања:
– Имаш ли 2 Мерцедеса?
– Па, немам баш 2 Мерцедеси, ама… – почнал да се правда тој.
– Имаш ли вила на два спрата?, го пресекла девојката со друго прашање.
– Не, ама… – пак почнал дечкото.
– Тогаш нема за што да правиме муабет!, отсечно го отфикарила шмизлата
Огорчен дечкото отишол да бара совет од својот татко.
– Не знам што да ти кажам сине. Штом толку ти се допаѓа, може да го продадеш Бентлито и да купиш 2 Мерцедеси, но да рушиме 2 ката од вилата заради некоја шмизла и спонзоруша, ми се чини многу глупаво.