Мајтап

Виц: Дамата со шеширот

Една девојка стоела на работ на бродот за крстарење. Колку убава девојка со шешир – си помислил еден од гостите. Таа го држела шеширот со двете раце бидејќи почнало да дува ветер. Господинот не можел да одолее па се доближил до неа и за да се најде во муабет рекол:
– Извинете госпоѓице, не сакам да ви сметам, но дали приметивте дека вашето здолниште се крена многу високо од ветерот?
– Да, приметив господине, јас морам да го држам шеширот со две раце може да ми летне.
– Но, вистинските госпоѓици треба да знаат оти нивните интимни делови не треба да бидат изложени во јавност!
Таа фрли поглед надоле, па потоа нагоре и му вели:
– Господине, ова што вие го гледате доле е старо 25 години, а шеширот го купив вчера.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top