Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Се враќа Трпе „дрво пијан“ дома, влегува во кујната, ја гледа Трпана како мие една голема тава, удира јако со раката по масата и викнува пијано:
– Јас сум газда во оваа куќа!
Трпана му се врти, го гледа една секунда и јако го удира со тавата по глава, па Трпе онесвестен паѓа на подот.
Во меѓувреме доаѓа комшивката Маре на кафе кај Трпана, го гледа Трпе спружен на кујнскиот под, па вели:
– Што му е на овој твојов што легнал среде кујна на земја?
А Трпана: Ами, тој е газда во куќава, Маре, кај сака таму ќе си лежи.