Виц: Блажо и сватот договараат брак


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Блажо и сватот договарат брак, и сватот вика:
—Блажо, еве мојта ќерка не е убава ама, јас давам 10Хектари лозје….
Блажо насмеан, задоволен му вика:
—Е де, ами убавинта е у душ’та свате…
Па вика сватот:
—Не знае да готве, искрено не знае ни јајца да испрже, ама па за тоа давам трактор со прилкучоци….
На Блажо очите му сјаајт, а вика:
—Че науче свате, не мора да готве, само нека роде деца, туку да кажам и јас некој збор за мојто Пере…
Вреден е, паметен, работе, само има една маана…..не знае комар да играе…
—Тии, ами тоа не е маана бре свате, тоа е за фалење..
—Мислам не знае свате, ама ногууууу сака да играе…