Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Блажо отворил градежна фирма во Скопје. Изнајмил канцеларија, ставил фикус и запослил секси секретарка. Уште на првиот работен ден секретарката влегува во канцеларијата на Блажо и му вели дека надвор го чекаат тројца луѓе со актовки.
Блажо и кажал на секретарката да ги пушти и во истиот момент го зема телефонот и почнува на глас да зборува:
Алоооооооооо, па кај си бе Минчо? Синоќа многу добро си поминавме. Само требаше да останиш уште малку. Абе сакав да те прашав со бидна со тоа за што правевме синоќа муабет? Браво, браво. Ајде се гледаме после. Поздрав.
После овој разговор го крева другиот телефон:
Па кај си бе Штерјо мајка му стара, два дена те нема да се јавиш. Вечер каде ќе се собира екипата? Еј извини имам клиенти, се слушаме после. Поздрав.
После ова се свртува кон тројцата луѓе:
Добор ден, како може да ви помогнам?
Едниот од нив:
Ние сме момците од Телеком, дојдовме да ти го поврземе телефонот.