Виц: Барање развод на 160 км/час


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Брачен пар се вози по автопат, полека со 100 км/час. Жената седи зад воланот, а мажот мирно ја разгледува околината и изненадно се врти кон жената па и вели:
– Оженет сум преку 20 години, но сакам да се разведеме.
Жената ништо не вели и продолжува да си вози мирно, но накачува на 110 км/час. Мажот повторно:
– Не сакам да се обидуваш да ме одвратиш од замислата! Во врска сум со твојата најдобра другарка!
Жената пак останала мирна, но брзината пораснала на 120 км/час.
– Сакам да ја задржам колата.
Брзината пораснала на 130 км/час. Тој продолжил:
– Ги сакам и сите картици и нашиот брод и куќата! Јасно ли ти е?!
Автомобилот полека почнал да се движи кон бетонски мост. Тоа го направило мажот нервозен, па ја прашува жена си:
– Ти, ништо не сакаш за себе?
Брзинометарот покажувал 150 км/час.
– Не, јас имам се што ми треба.
– О, да? – иронично забележал мажот. – А, што тоа имаш?
Пред да се накачи стрелката на 160 км/час, таа полека се свртела кон него и му рекла: воздушно перниче!