Виц: Баба и дедо се напалиле


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Бабата и дедото гледаат се*си филм на телевизија. Бабата малку загреана му вели на дедото:
– Знаеш ли што ми правеше во вакви моменти додека беше млад?
А дедото:
– Што?
– Ме бакнуваше.
Дедото потстанува и ја бакнува бабата.
По некое време, бабата повторно:
– А знаеш ли што ми правеше после тоа?
А дедото:
– Што?
– Ми го галеше коленото.
Дедото се поместува и ѝ го гали коленото.
На најжешкиот момент бабата вели:
– А што ми правеше потоа?
А дедото:
– Што?
– Ми го грицкаше увото.
Дедото станува и тргнува кон вратата, а бабата извикува:
– Каде тргна бе?!
А дедото:
– Во купатилото, да си ги земам забите.