Мајтап

Виц: Американец, Французин и Македонец заробени од фашистите

За време на Втората светска војна фашистите фаќаат Американец, Французин и Македонец. Ги осудуваат на смрт со стрелање, но пред да ја исполнат пресудата ги прашуваат за нивната последна желба.
Американецот побарал шише виски.
Французинот побарал шампањ и жена.
Македонецот побарал најјакиот маж од фашистите да му удри една клоца во задникот со целата сила.
Фашистите се зачудиле и прашале:
– Значи, едноставно сакаш некој од нас туку така да ти удри една клоца по задникот?
Македонецот потврдил.
Се приближил еден огромен фашист, се засилил и му забил на Македонецот една јака клоца во задникот. Од силниот шут, Македонецот летнал напред дури до другите фашисти, го дофатил митралезот на еден од нив и РАТАТАТА… сите до еден ги покосил. Потоа мирно отишол и ги одврзал Американецот и Французинот.
– Што не го направи тоа порано бе? Овие за малку ќе не стрелаа! – зачудено го прашале тие.
– Затоа што ние Македонците сме такви. Додека не добиеме јака клоца по задникот, не почнуваме да размислуваме.

Advertisements
To Top