Виц: 30 години брак без ниту една кавга


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Блажо и Мара слават 30 годишнина од бракот, а биле познати не само у Кавадарци, туку и у цела Македонија и у регионот, каа пар, шо у 30 години брак ниеднаш се немале скарано….
И на годишнин’та, од цела Македонија, море и пошироко, дошле новинарски и ТВ екипи, да дознаат у шо е тајната на толку успешниот брак……
Еден новинар го прашуе Блажо;
– Господине Блажо, тоа е невероватно како успеате, у шо е тајната….
Блажо а зима чаш’та со ракија, а маа на екс, се навалуе напред, и а почнуе прикаската;
– Каа се земе со Мара, отидоме у Шпанија на меден месец, и у аранжманот имаше една ден јаање на коњи..
Ги јаанаме тоа коњите, мене ми се погоди еден мирен и кроток коњ, а на ваа мојта ептен немирен..
И каа шо јааме, виа нејзиниот изгледа се исплаши од нешто, и а исфрли од седлото, Маричето стана, а истреси прашин’та, го погали нежно коњот, и со благ глас му речи;
– Воа ти е прв пат…..
Го јаана она и продолжиме, после некое време, виа па трзна и па а исфрли Маричето од седлото, стана она, го погали по грбот, и па му речи;
– Воа ти е втор пат….
Е по трет пат каа а исфрли од седлото, Маричето се исправи, го извади пиштолот, и му го истреска на коњот меѓу очи…
А ја изненаден и се издра;
– Пичка ти материна селска, салам ли си, знајш ли колку кошта еден ваков коњ….
Она се заврти, ме погледна нежно, и со најмил глас ми се обрати;
– Блаже, воа ти е прв пат……
И тоа е тоа, од тоги се неаме скарано и у сè се слагаме…