Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Цвеклото е една од најздравите и најефикасни природни намирница за зајакнување на целиот организам, особено за имунитетот. Посебно треба почесто да се консумира во сезона на вируси, но и на преминот од зима во пролет кога организмот е најслаб и најранлив.
Цвеклото ги содржи речиси сите минерали – калиум, калциум, фосфор, натриум, магнезиум, железо, бакар, манган, флуор, јод, сулфур, литиум и бром. Освен тоа, изобилува со витамините Ц, Б1 Б2 како и витаминот Б12 кој растителните намирници ретко го содржат.
Црвената боја ја дава пигментот антоцијан кој помага во обновувањето на крвта.
Цвеклото главно се јаде како салата, без оглед дали свежо или варено, но нутриционистите се почесто го препорачуваат и лековитиот сок од цвекло кој е одличен за зајакнување на имунитетот, лекување на слабокрвност, регулирање на притисокот, како и спречување на разни воспалителни процеси.
Редовното консумирање на сокот од цвекло го подобрува прочистувањето на црниот дроб, спречува болести на крвните садови, дишните органи и го забрзува метаболизмот. За сокот од цвекло да ви биде повкусен додадете му малку мед и лимон.
Начин на подготовка (ако немате соковник)
Еден килограм добро измиено цвекло се лупи.
Коренчињата се рендаат на ситно ренде.
Ренданото цвекло се процедува низ цедалка или газа.
Можете да додадете мед и лимон, а за да го „сокриете“ тешкиот мирис на цвеклото кој децата обично не го сакаат – исцедете рендани јаболки и моркови.