Витаминот Ц клучна алатка во вашето здравје: Од каде најмногу може да го добиете?!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Веќе е познато дека витаминот Ц не може да спречи ниту да излечи настинка, но сеедно е еден од најважните нутриенти кои ни се потребни за општо здравје.

Овој витамин е важен за јакнење на имунолошкиот систем, за намалување на штетата кои слободните радикали ја нанесуваат на телото, па секако е важен за превенција од болести.

Нутриционист од Лиз Вејнанди вели дека на возрасните луѓе им е потребно околу 75 милиграми витамин Ц дневно, и дека би било идеално таа количина да се внесува преку храната.

Затоа, секако изедете портокал, во кој во просек се наоѓаат импресивни 70 милиграми витамин Ц. Но, знајте дека има и намирници кои содржат многу повеќе од тој витамин.

Црвените пиперки

Овој зеленчук содржи малку калории, а доста витамини. Кога ќе исецкате пиперка до половината на поголема шоља, ќе внесете 95 милиграми витамин Ц. Во истата таа количина се наоѓаат само 19 калории.

Брокула

Веќе знаеме дека зелениот зеленчук е важен за здравјето, помеѓу останатото затоа што содржи 81 милиграм витамин Ц, во една шоља исецкана брокула. Освен тоа, добра е и затоа што во таа количина содржи 3 грама протеини, а има 31 калорија.

Јагоди

Ако изедете јагодио кои ќе ги исецкате во една шоља, ќе внесете 98 милиграми витамин Ц, а ќе внесете и 53 калории.

Зелени лути пиперки

Велат дека добро е за здравјето повремено да изедете нешто луто, па зошто тогаш не одберете лута пиперка? Во една пиперка има 109 милиграми витамин Ц, а уште ќе ви се забрза и метаболизмот. Содржи само 18 калории.

Келераб

Овој вид зелка содржи 84 милиграми витамин Ц. Со тоа ќе внесете 36 калории и два грама протеини.

Зелена салата

Кога ќе изедете количина зелена салата која би ја поделиле во две шољи, со тоа ќе внесете 78 милиграми витамин Ц, покрај 30 калории и три грама протеини.

Ананас

Во една шоља ананас се наоѓааѕ 79 милиграми витамин Ц. Освен тоа, ова тропско овошје е фантастичен извор на манган, минерал кој е важен за коските, но и за здравиот метаболизам. Споменатата количина ананас содржи 82 калории и грам протеин.