Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Атанасовски Зоран, во соопштение за јавноста изјави дека соините презли и шницли кои првичните испитувања утврдиле дека содржат генетски модофицирани организми, се на компанијата „Виталиа“, а по потекло од Србија. Со ГМО била откриена пратка во количина од 510 килограми, а серијата е повлечена од продажба.
Оризот во кој е утврден ГМО, пак, е произведен во кочанско, а е во количина од 550 килограми. Се уште се утврдува од каде потекнува семенскиот материјал.
-Производите се наоѓаат под официјалн надзор и се чека нивно уништување. Операторите се санкционирани со казна од 5.000 евра, додека одговорното лице во фирмите со казна од 1.700 евра – вели Атанасов.
За производите на „Виталиа“, додава тој, се чека супер анализа, бидејќи операторот по закон може да побара дополнително испитувања.
-Првата анализа докажа дека има присуство на генетски модифицирани организми. Но по закон операторот има право да побара супер анализа. Ги чекаме резултатите од истата – посочува тој.
Директорот додава дека граѓаните не можат да препознаат која храна е со ГМО, додека истото не биде декларирано на производот.
Според нашето законодавство, подвлекува, производството на ГМО храна е забрането.
-Во светот се конзумра и се произведува таква храна. Науката треба да го каже последниот збор колку е тоа штетно. Од нашиот закон за безбедност на храна беа избришани два члена кои порано дозволуваа прозводство на храна со гмо, но тоа беше регулирано како да се стави во промет. Сега се избришани и ставени во мирување до влегување на Македонија во ЕУ. Тоа било политичка одлука донесена преку ноќ да се избришат законските основи – вели Атанасовски.
Извор: Либертас