Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Оригиналната руска салата била прилично поразлична од онаа која денес речиси сите ја подготвуваме и без која не може да помине ниту една домашна новогодишна трпеза.
Оригиналниот рецепт за руската салата го смислил белгискиот кувар Лусијен Оливије во 1860 година. Тој бил кувар во Ермитаж, еден од најславните ресторани во Москва.
Таканаречената Оливијеова салата доста брзо станала исклучително популарна кај гостите и со тек на време станала и најпознато јадење во Ермитаж.
Точниот рецепт, посебно оној за мајонезот, бил љубоморно чувана тајна, но познато е дека самата салата содржела месо од дива кокошка, телешки јазик, кавијар, зелена салата, опаш од рак, капар и чадено месо од пајка. Иако, можно е рецептот да бил менуван во зависност од сезоната.
Оригиналниот прелив за салатата бил вид на мајонез кој е направен од вински оцет, сенф и маслиново масло, но точниот рецепт до ден денес останал непознат.
Еден од првите печатени рецепти за „Оливије“ салатата се појавил во 1894 година. Од состојките биле наведени:
– пилешко
– два компири
– една мала краставичка (или голем корнишон)
– три-четири листа зелена салата
– три големи опашки од јастог
– 1/4 шолја пифтија исечкана на коцки
– 1 кафена лажичка капар
– 3-5 маслинки
– 1 и пол супена лажица прелив (мајонез)
Како што тоа често бива со гурманските рецепти кои стануваат популарни, состојките кои биле ретки, скапи, сезонски или тешки за подготовка, биле заменувани со поевтини и подостапни намирници, како и името.