Вистински Тарзан: 40 години живеел во џунгла, кога стапнал во цивилизација се шокирал


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Хо Ван Ланг и неговиот татко преживеале четири децении во виетнамската дивина пред да биде донесена одлуката да си одат дома во 2013 година.

Тие решиле да живеат во џунгла откако побегнале од злосторствата на Виетнамската војна кога Ланг бил сè уште бебе. Американска бомба паднала врз нивната куќа и ги убила неговата мајка, двајцата браќа и сестрите.

Двајцата започнале нов живот и преживувале јадејќи мед, овошје и шумски животни, градејќи засолништа и грижејќи се за себе.

Но, минатиот месец, осум години откако постариот брат на Ланг ги вратил во цивилизацијата, „Тарзан“ починал од рак на црниот дроб на 52-годишна возраст, по соочувањето со „фаталните последици“ на модерниот живот.

Алваро и Ланг се запознале две години по неговото враќање во цивилизацијата, кога истражувачот му пришол на Ланг за да види дали е подготвен да сподели некои од неговите неверојатни вештини за преживување во џунглата каде што пораснал.

Хо Ван Ланг и неговиот татко преку делото на Алваро беа запознаени со „Docastavai“, организација која им помага на луѓето да избегаат на пусти острови, па истражувачот решил да му помогне на Ланг да се врати во дивината која толку многу ја сакал.

Неговиот пријател Алваро Церез сподели невидени снимки од тајното патување во природата каде Хо бил снимен како реагира на летање со авион, пловење по море и кога првпат го гледа големиот град.

-Ланг тагуваше по смртта на неговиот татко во 2018 година и реши дека е вистинско време да се врати накратко во природата. За време на долгото патување до пустиот остров, Ланг за прв пат откри многу нови работи, како на пример, гледање на големиот град од далеку додека преноќувавме во хотел во близина на аеродромот. Го избегнавме одењето по прометните улици во градот, така што не беше исплашен. Но, неговите реакции на работите беа неверојатни за гледање. Беше воодушевен од летањето со авион и цело време со стравопочит гледаше од небото. Во џунглата, неговиот татко му објаснил дека тоа не се птици, туку шупливи предмети во кои има луѓе… За океанот слушнал само од приказните на неговиот татко, па беше неверојатно да се види реакцијата кога го открива за прв пат. Се сеќавам дека една вечер се разбуди жеден и не можеше да го отвори кокосот, па реши на брегот да побара нешто за пиење. Бев ужаснат кога открив колку е солена морската вода. Беше како да го гледаме животот што го живееме денес преку очите на некој од некое далечно минато, рече Алваро.