Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Полицијата во Индија соопшти дека во заштитениот резерват Катарнијагат, во шумските предели на северниот регион Мотипур, било најдено девојче кое израснало со мајмуни и се однесувало како нив.
Полицијата долго време се обидувала да го најде и фати девојчето, но тоа успевало да им побегне на полицајците. Кога конечно успеале да го фатат, девојчето било без облека и поцрвенето од долгата изложеност на сонце.
Списанието „Times of India“ објави дека кога еден од полицајците се обидел да го спаси, девојчето било со група мајмуни и изгледало како да му е многу удобно со нив.
„Кога се обидел да ѝ се доближи, мајмуните почнале да го напаѓаат. Сепак успеал да ја спаси. Ја зел во раце и трчал до полициското возило додека мајмуните го бркале“, изјави полицаецот Динеш Трипати за новинската агенција „Associated Press“.
Осумгодишното девојче е сместено во болница во Банраих каде му е пружена медицинска помош, а докторите велат дека агресивно реагира на луѓе, јаде без да користи раце, оди на сите четири и не знае да зборува.
Вчера беше соопштено дека девојчето почнало да се исправа и дека наскоро ќе биде сместено во сиропиталиште бидејќи никој не се пријавил да го земе.