Вистинска љубов или фарса: Ова се најчестите проблеми во врските на денешницата…


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


За конечно да ја запознаеме својата сродна душа, обично минуваме низ неколку емотивни крахови. За жал, понекогаш се случува дури и кога ќе ја најдеме вистинската личност, одредени околности да застанат на патот на таа љубов. Во денешните врски, всупност пристапот во врската е еден од поголемите проблеми.

Недоверба

Довербата е основа на секоја здрава врска, затоа не смее да ја нема, доколку сакате вашата врска да успее. Разбирливо е дека тешко може да се биде сигурен во својот партнер денес, кога социјалните мрежи се поприсустни во нашите живот, а неверствата се почеста појава. Па сепак, доколку со партнерот остварите отворен однос, без сомнеж и ограничувања, ништо не може да ви застане на патот помеѓу вас.

Недоволно вложен труд

По некое време, почнуваме да ја доживуваме својата врска здраво за готово, меѓутоа, тоа нас може да не донесе до нејзиниот крах. Едно од најубавите чувства кога сте во врска, е на својот партнер да му го разубавите денот и да измамите насмевка на неговото лице. За тоа најчесто потребно е многу малку труд, затоа потрудете се на својот партнер секојдневно да му покажете колку ви е важен.

Различни приоритети

Неопходно е од време на време со својот партнер да разговарате за плановите и целите за иднината. Доколку на ова пола се разидувате, вашата врска нема долго да издржи.

Страв од врзување

Младите често се плашат од фактот дека постои можност со некоја личност да го минат сиот живот. Тој внатрешен страв може да го загрози односот кој е стабилен и исполнет. Доколку го препознаете овој страв кај себе, обидете се да се опуштите и рационално да размислите за она што губите, ако се препуштите на неоснованиот страв.

Недостаток на комуникација

Отворен однос, искреност, добра комуникација е основа за секоја здрава врска. Неопходно е со партнерот да разговарате за се, доколку сакате врската да ви опстане.

Немате доволно време за себе

И на партнерот и вам ви е потребно она време кое можете да го посветите само на себе. Нема место за посесивност. Пуштете го партнерот да се опушти, а за тоа време посветете се себеси. Всушност, ќе ви годи да се одморите еден од друг.