Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Анастасија Судорова, 23-годишна Русинка, е вистинска атракција и мерак за очи со својата коса и секси тело со кои заведува од социјалните мрежи.
Таа има 106 см долга коса која не престанува да расте од ден во ден. Но, на 19-годишна возраст, Анастасија, поради заболување од тешка форма на алопеција, ја загубила својата коса која ја имала како своја гордост.
Сепак, наместо да очајува и да запаѓа во депресија, оваа згодна Русинка решила целосно да ги земе работите во свои раце и да најде начин да излезе од таа непријатна и непосакувана ситуација. Со истражувањата и собирањето информаци кои ги правела за проблемите со косата, таа станала вистински самоук специјалист за препарати за растење коса.
Денес, нејзината коса повторно е нејзина гордост, а нејзината 106 сантиметри долга „фризура“ не знае за фен, бидејќи едноставно е невозможно сушење на толку долга коса. Анастасија мора да остави својата коса сама да се исуши во околу 60 насто од вкупната должина и густина, па после да започне со сушење со фен.
Да не правиме муабет дека располага и со спектакуларно секси тело со заводливи облини, кои заедно со косата, даваат една комплетна слика на опасно секси жена.