Вистината за настанувањето на најпознатата фотографија од длабочините на вселената


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Сите кои барем еднаш го пребарувале на некој од интернет пребарувачите општи зборови како вселена, универзум, галаксии, сигурно наиделе на најпознатата фотографија од длабочините на вселената која своевремено ја направи вселенскиот телескоп „Хабл“.

Во 90-тите години НАСА била предмет на исмејување. Откако потрошила 2,93 милијарди долари за изградба и промоција на вселенскиот телескоп „Хабл“, во 1990 година НАСА ги добила првите фотографии од познатиот нов телескоп… матни! Примарното огледало на телескопот било премногу рамно.

Во текот на наредните неколку години НАСА измисли решение за да му го врати видот на „Хабл“. Се поставиле нова серија огледала за да дејствуваат како пар очила, а во 1993 година „Хабл“ стана целосно функционален, со јасен вид. Неколку години подоцна Роберт Вилијамс, директорот на научниот институт „Хабл“, одлучил да го преземе мултимилијардерскиот телескоп и да го насочи на најсјајното поле на небото што можел да го најде – цели 100 часа. Првите јасни слики на „Хабл“ покажале далечни галаксии што никогаш не биле видени со телескопите на Земјата. Така, Вилијам сакал да открие колку далеку „Хабл“ може да гледа. Најдобриот начин да го направи тоа бил без светли ѕвезди и галаксии.

Неговите колеги сметале дека ова е смешна идеја, не само затоа што повеќето од нив повеќе од сè би сакале да набљудуваат нешто што всушност вреди да се набљудува, туку и затоа што пресметките сугерирале дека неговиот план би бил неуспех во секој случај. „Хабл“ бил моќен, но не доволно моќен за да открие далечни галаксии, сметале тие. Но тие никогаш не се обиделе да го направат ова, а Вилијамс сакал да знае дали е возможно.

„Научните откритија бараат ризик. Бев во период од мојата кариера кога реков: ’Ако е толку лошо, ќе поднесам оставка‘“, изјави Вилијамс во една пригода.

Непосредно пред Божиќ во 1995 година, Вилијамс и неговиот тим го насочиле „Хабл“ во регионот над Големата Мечка. Во текот на наредните 10 дена тие собрале 342 одделни експозиции додавајќи повеќе од 100 часа (претходната изложеност на „Хабл“ била неколку часа, максимум). Ова била сликата како резултат на ризикот на Вилијамс.

Времето на изложеност на „Хабл“ му помогнало да „фати“ илјадници галаксии, дури и оние оддалечени милијарди светлосни години. Ова е важно затоа што кога гледате на далечен објект на небото, всушност гледате назад во времето. Бидејќи потребно е време светлината да патува на такви големи растојанија, светлината што стигнува до нас од објект оддалечен милијарда години е слика на тој објект пред милијарди години. Најдалечните галаксии прикажани на сликата на длабокото поле на „Хабл“ се 12 милијарди светлосни години оддалечени. За споредба, целиот универзум е стар 13,8 милијарди години. Така, имавме можност да видиме слики од најраните галаксии во универзумот, кои нè научија многу за тоа како се формираат галаксиите.

Сликата на длабокото поле на „Хабл“ е неверојатна, но уште поубаво е тоа што ја промени астрономијата. До тој момент научните откритија биле третирани како интелектуална сопственост: луѓето ги чувале своите податоци за себе до моментот кога биле подготвени за објавување. Но со оваа слика Вилијамс и неговиот тим ги форматирале и ги објавиле податоците веднаш за другите астрономи да можат да ги анализираат и да ги користат за сопствени откритија. „Денес е вообичаено податоците на набљудувањата на луѓето да бидат достапни за јавноста“, вели Вилијамс.

Од таа икона, „Хабл“ доби опрема со повисоки резолуции, што има постигнато уште повеќе откривачки слики. Но сето тоа се враќа на оригиналното длабоко поле на . За жал, „Хабл“ наскоро ќе се пензионира. Кога новиот вселенски телескоп „Џејмс Веб“ ќе биде пуштен во 2020 година, ќе имаме нов начин на гледање во длабоката празнина, исто како што Роберт Вилијамс имал пред тој историски Божиќ во 1995 година.