Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Античките Грци ги совладале човечките телесни пропорции и први изработувале статуи во реална големина, освен еден детал кој на истите го правеле непропорционално мал.
Од античка Грција и Рим, до ренесансата која инспирација црпела од антиката, мажите се прикажувани со пениси кои се со помали димензии од просечната големина на еден машки полов орган, без оглед на тоа дали прикажуваат божество, воин или спортист, што прилично ги збунило историчарите на уметноста.
Пред сè, секогаш се прикажани во опуштена состојба, а историчарката на уметност Елен Оредсон истакнува уште еден важен фактор.
„Треба да се спомене дека многу од статуите ги прикажуваат спортистите за време на или непосредно после напорна физичка активност, кога пенисот, како мускулен орган, природно се собира“, наведува таа во истражувањата.
Двајца фирентински лекари понудија уште едно објаснување, анализирајќи ја култната статуа на Давид од Микеланџело. Сите анатомски детали, вклучително и затегнатоста на мускулите од челото, се во склад со „комбинираниот ефект, тензија и агресија“, па така, резултат на тоа е и стиснатиот пенис.
Но, антиката е преполна со статуи од мажи и богови со минијатурни пениси кои не се ниту спортисти, ниту се прикажани со израз на страв.
Поимот за идеален маж
За древните Грци идеалниот маж не бил похотен љубовник, туку одмерен јавен работник. „Малите и опуштени пениси, старите Грци ги поврзувале со умереноста која била една од клучните карактеристики на умерената машкост“, објаснува професор Ендру Лиар од Харвард за Ancient Origins. Веднаш на тоа додава и еден исклучок: „Постои јасен контраст помеѓу малиот пенис од идеалниот маж и пренагласениот, еректиран пенис од сатирот (вечно напалено и постојано пијано митско суштество) и останатите неидеални мажи. На пример, дртите старци често се прикажуваат со големи полови органи“, вели Лиар.
Освен тоа, со големи пениси се прикажуваат и варварите, за да се истакне нивната неумереност. Нивниот тренд го следеле и старите Римјани, а подоцна и христијаните.