Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Оваа приказна ќе ја сретнете секоја година во исто време. Токму во моментите кога Apple ќе понуди нов уред, многу „несреќници“ кои не го набавиле новиот уред, тврдат дека нивниот „стар“ уред изненадно се успорува.
Ова може да се утврди со анализирање на Google – пребарувањата, во време кога излегува новиот iPhone X, пребарувањата за успорен iPhone расте за 50%.
Многу луѓе сметаат дека компаниите тоа го прават намерно, со цел да ве натераат да го смените претходниот уред. Оваа појава на интернет ќе ја сретнете под името „планирано застарување“, па така многу се потпираат на заговор на комапанијата.
На голема жалост за оние кои веруваат во теории на заговор. Објаснување за овој феномен постои, а тоа е ажурирање на софтверот.
„Компаниите немаат таква можност, за со појавувањето на нов уред, да го успорат стариот. Тоа е софтвер и може да има багови, но тие се случуваат ненамерно.“ Објаснува Грег Раиз, поранешен програмер кој работел за Microsoft.
Она што се случува е многу едноставно. Кога гигантите како што се Apple, Microsoft и Google ќе претстават нови уреди, најчесто прават и ажурирања на софтверот. Тоа беше случај и оваа година, со појавата на iPhone X. Па така со појавата на новиот iOS 11, се исклучи поддршката за iPhone 5, кој е стар повеќе од 5 години.
Се работи за комплицирани процеси, кои во прв ред се прилагодени за најновите уреди. Па така на постарите уреди може да се појават проблеми и успорување.
Со технолошкиот напредок, овој феномен може да го забелешите и на вашите персонални компјутери. Доколку пробате стариот PC, да го надоградите со само една компонента, најверојатно ќе се сретнете со проблем, и таа компонента нема да биде компатибилна со останатите.
Сепак постои начин барем малку да го забрзате смартфонот, и со тоа да ја одложите замената за нов уред.
Почнете од почеток
Надоградувањето на оперативниот систем е многу ендноставно, компаниите се грижат тоа да биде така. Меѓутоа, тоа не е чекор кој мора да го направите по секоја цена.
Би било паметно од ваша страна доколку направите копија на вашиот стар оперативен систем. Па потоа да го инсталирате новиот систем, и доколку не сте задоволни, да имате сигурносна копија и со тоа да избегнете нелагодност.
Добро е од време на време да му направите на уредот ресет, односно да го вратите на првобитни подесувања. Тоа е чекор што многу го избегнуваат поради губење на податоците, но доколку ги префрлите на „облак“, нема да имате никакви проблеми.
Решете се од „ѓубрето“
Со мало одржување, уредот може знатно да се забрза. Со тек на време оперативните системи акомулираат системски фајлови, поставки, колачиња и слично. Тоа го успорува системот, но со нивно бришење забрзувањето ќе биде доста приметно.
Оваа можност е достапна на iOS и на Android, но пред тоа биде сигурно дека сте направиле сигурносна копија.
Обрнете внимание на меморијата
Само затоа што вашиот уред има капацитет од 64 GB, тоа не значи дека треба да го наполните до крај. Уредите работат побрзо доколку имаат повеќе слободен простор. Секогаш добра практика е да купите уред кој има повеќе меморија од тоа што ви е потребно, со тоа се осигурувате за подолго користење.
Исто така, тука е и можноста вашите фотографии да одат дирелтно на „облак“, тоа ќе ослободи огромен простор.
Можеби не е проблем само до телефонот
Ако вашиот уред е спор, проблемот е можеби се во некоја индиректна компонента. Како на пример, лош рутер кој ќе го успорува пребарувањето на интернет. Некои IT стручњаци тврдат дека наместо вложување во нов уред секоја година, подобро би било да се инвестира во мрежниот сообраќај.
„Не е секси, но на долги стази е подобра одлука“, вика Брајан Денслов од TechCollective.
А можеби е време за нов уред
Како што рековме, комапниите прават нови оперативни софтвери, прилагодени за новите уреди. Тие престануваат да нудат поддршка за старите уреди, па така не очекувајте вашиот стар уред да функционира како денот кога сте го купиле. Можеби е неправедно, но смартфоните имаат рок на трање и купувањето не е доживотна инвестиција. Доколку не помагаат претхнодите чекори, тогаш време е за нов уред.