Високи бројки на новозаразени: Варијантата Омикрон стана доминантна во Данска


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Бројот на заразени со коронавирусот во Данска денеска постави нов рекорд поради појавата на сојот омикрон, кој сега е доминантен, изјави денеска министерот за здравство Магнус Хунике, пишува Ројтерс.

– Серумскиот институт Стејтенс смета дека омикронот е веќе доминантен и дека бројот на заразени расте – истакна Хунике.

Во изминатите 24 часа во Данска со коронавирусот се заразени рекордни 13.558 лица. Бројот на примени и умрени болници се уште е далеку под нивото од декември минатата година.

Претходно денеска беше објавено дека омикрон ги надмина другите варијанти на коронавирус и сега е доминантна варијанта во Соединетите држави, бидејќи е одговорен за 73 отсто од новозаразените во текот на викендот, соопштија американските здравствени власти.