Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
MМА борбите се почесто ги привлекуваат и оние кои никогаш не се појавиле во октагон.
Дури и оние кои се во посериозни години се обидуваат да започнат кариера, а еден од нив кој одлучи да се проба во ММА светот е американскиот бодибилдер Мартин Форд.
Полската организација „Стуж Валки“ потпиша договор со 204 сентиметри високиот Американец кој изгледа застрашувачки.
Овој 33 годишник сериозно започна со тренинзи. Сака што побрзо да се докаже во борба и нема дилеми дека со својата висина и тежина од 140 килограми ќе претставува предизвик за борците.
Каква ќе му биде ММА кариерата веројатно ќе видиме на почетокот на наредната година за кога е планирана неговата прва борба.