Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Долгата изолација и седење дома, затворен во четири ѕида, со недостаток на физичка, непосредна комуникација со други луѓе надвор од семејстото човек може да корентио да го промени.
„Не знаеме како тоа ќе влијае на вообичаеното дружење и кога ќе помине пандемијата“ – вели рускиот психолог Олга Полчук.
Таа истакна дека евидентно е дека луѓето го смениле својот код за комуникација затоа што технологиите што ги користиме ни помагаат да ја надминеме осаменоста и изолацијата, нè научија да слушаме повеќе и да гледаме што велат другите бидејќи оваа технологија бара поголема концентрација и внимание.
Ова е токму она што го натера Михаил Шишкин, од Санкт Петерсбург, да го отвори онлајн кафулето, со вистинското име за ова време, Stay the Fuck Home Bar, користејќи го доменот „бар“, кој го купил за околу 90 евра, а за неколку дена тој веќе бил домаќин во виртуелно кафуле на повеќе од 280.000 луѓе од целиот свет.
Првично, рече Шишкин, можеле да сместат до 20 лица истовремено – во една „просторија“ од 15 и на два „шанка“ со четири посетители, а сега веќе се прошири во 12 „простории“, во кои може да се сместат над 50 корисници истовремено.
„Само треба да го усовршиме за да нема какофонија поради толку многу луѓе“ – вели Шишкин. Тој е убеден дека во овие времиња на карантин, луѓето сè уште копнеат по дружење, на начин што постоел до времето на пандемијата. Шишкин вели дека станува збор за меѓународен проект, но исто така и многу интересен експеримент за начините на опстанок на човекот и новите односи меѓу луѓето.
View this post on Instagram
Стотици слични платформи се појавија по оваа. Полека се создава комплетно виртуелен свет кој влезе во нашите домови – театар, опера и балет, школување, вежбање јога или зумба, тренинг и сè „во живо“. Ќе видиме дали ова е почеток на нов цивилизациски однос. Којзнае колку време ќе трае по ова искуство да може да се оди на стадион со 50.000 луѓе повторно, или во кино или кафуле, каде што седат непознати.
„Ова е нова социјална платформа која обединува и зближува луѓе од целиот свет преку ’слика и тон‘. Тоа е ново искуство што предизвикува чесност и желба за пријателство меѓу луѓето, затоа што сите сме во иста ситуација. Луѓето во изолација стануваат поотворени, затоа што некако им дозволувате на непознатите луѓе да влезат во вашите простории, кујни, станови, во вашиот интимен свет. На некој начин апсурдно е што луѓето во изолација практично стануваат поотворени“ – вели Шишкин. Луѓето кои не се познаваат меѓусебно, зборуваат за своите интимни чувства, обидувајќи се да ја надминат темата за коронавирусот, која сега целосно ги освои и парализира социјалните норми и човечките контакти какви што ги знаевме.