Вирологот чиј тим го откри „омикрон“ сојот: Паниката што се шири е непотребна, забраните за патувања се апсурдни


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Бразилскиот виролог Тулио де Оливеира, експерт чиј тим го откри заразниот омикрон-сој на коронавирусот, смета дека медиумската паника што се прошири деновиве работи на штета на луѓето. Дополнително, тој смета дека забраните за патувања кои итно ги воведоа многу земји во светот немаат научна смисла.

„Понекогаш нè казнуваат затоа што сме транспарентни и работиме брзо“, се пожали Оливеира.

За да даде пример, Де Оливеира потсети дека Вашингтон воведе ваква забрана за патување на американските граѓани во Кина уште на почетокот на пандемијата, а дека САД имаа најголем број на зарази со коронавирусот.

Во меѓувреме, Јужноафриканската медицинска асоцијација (САМА) објави дека луѓето во Јужна Африка кои се заразиле со нова варијанта на коронавирусот не се разболеле сериозно. Пациентите најмногу се жалеле на болки во телото и замор, екстремен замор и тоа биле симптоми кај помладата генерација, а не кај постарите луѓе.