Viribus Unitis – првиот југословенски воен брод


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На 31 октомври, 1918 година, SMS Viribus Unitis, адмиралскиот брод од австро-унгарската морнарица, по мирен пат, премина од царството на згаснување во новонастанатата држава на Србите, Хрватите и Словенците во Пула. Новите сопственици одбраа и ново име за бродот – Југославија. Ова име му претходеше на новото кралство кое ќе биде основано само неколку месеци подоцна.

Изградбата на Viribus Unitis започнала во трстенското бродоградилиште во 1910 година. Бил долг 152 метри и истиснина од 20.000 тони, што го правеше најголем брод на сите времиња во Австро-Унгарското царство.

Вброен е во класата воени бродови Dreadnought и беше брод со сите топови од голем калибар, модел кој брзо пред тоа беше развиен во Велика Британија. Тогашните стандарди наложувале тешко вооружуавње и дебел оклоп, па бил вооружен со цел арсенал топови од различен калибар произведени од чехословачката компанија Шкода:

– Дванаесет големи топови со калибар од 305 мм распоредени во четири тројни кули – две лоцирани на носот од бродот, две на крмата.

– Секундарен арсенал се состоел од дванаесет топа со калибар од 150 мм во пушкарниците од двете страни на бродот.

– Дванаесет дополнителни топови за двојна намена со калибар од 70 мм.

Брзо после завршувањето на изградбата на овој брод во Европа избива Првата светска војна и на спротивната страна од Јадранското Море се нашол нов непријател пред австро-унгарската флота – Италија. За несреќа на Viribus Unitis, Италијаните имале надмоќна морнарица која можела да ги контролира Отрантските порти кои овозможувале пристап во Јадранот. Освен неколку неуспешни походи, вклучително и бомбардирањето на италијанскиот град Анкона во 1915 година, овој воен брод поголемиот дел од војната го поминал закотвен во Пула.

Во средината на 1918 година станало јасно дека победата на Австро-Унгарија во војната е невозможна и повеќенационалните поморски екипажи почнале да стануваат сè побунтовни и понедисциплинирани, со желба да го прекинат непријателството и да ги раскинат сите врски со Виена.

Желбата се претворила во реалност кога во октомври беше прогласена Државата на Словенците, Хрватите и Србите. Австриската влада не била во можност да го смени овој тек на настаните и го прифатила препуштањето на својата флота во Пула на новото народно собрание – нешто кое го сметале за помало зло од пад на флотата во рацете на Италија. Австриското знаме на Viribus Unitis било спуштено на 31 октомври и на негово место било подигнато црвено-бело-син барјак под заповедништво на хрватскиот адмирал Јанко Вуковиќ Подкапелски.

Новиот адмиралски брод Југославија не потрајал долго. Веќе следниот ден, на 1 ноември, два италијански диверзанти со помош на примитивни торпеда со човечка посада се прикрадиле во пристаништето од Пула. Несвесни и неинформирани за трансферот од претходниот ден или можеби одлучни да не се откажат од полагањето право на овој брод, тие поставиле експлозив под Југославија. Бомбите експлодирале нешто после 6:30 часот, што довело до брзо потонување на бродот кој со себе го повлекол и адмиралот Вуковиќ Подкапелски и стотина членови на екипажот.

Приказната за Viribus Unitis е доста знаменита, потопена во крв и солзи од Хрватите и другите југословенски народи генерално. Иако никој не може да го посети овој истакнат брод, поморската MMO игра World of Warships неодамна се посвети на макотрпно оживување на овој брод до последниот шраф на него, во 3D дигитално опкружување.

Со тоа, не само што можете да му се восхитувате на импозантниот брод каков што бил во неговиот зенит од функцијата, туку можете да го преземете и командувањето со него во голема поморска арена од 12 против 12 играчи исполнета со најлегендарните и најмоќни бродови на 20. век.