Вино со марихуана – хит атракција во Калифорнија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во Калифорнија, каде докторите можат да препишуваат марихуана на рецепт за медицински цели, компаниите постојано се во потрага по нови начини за искоритување на оваа веќе легална супстанца, секако, заради поголем профит.

Новиот производ кој периодов се пробива на калифорнискиот пазар е вино што во себе содржи марихуана. Виното има зеленкаста боја.

Сепак, тоа не е новитет во светот. Историјата вели дека ваков напиток се конзумирал и во древна Кина.

Цената на овој пијалак, зависно од произведувачот, се движи од 120 до 150 долари за шише, па потрошувачите најверојатно не би можеле целосно да се опуштат и да уживаат во него.