Винисиус го напушта Реал Мадрид


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Винисиус Јуниор ги искористи проблемите во Реал Мадрид оваа сезона и се наметна во првиот пат, па во еден момент беше и меѓу најдобрите играчи во тимот.

Бразилецот доби голема минутажа оваа сезона, но познато е дека Зидан спрема голема реконструкција на тимот ова лето. На неговата позиција треба да пристигне Еден Азар, кој ќе биде неприкосновен во првиот тим, па Винисиус тешко дека ќе има голема минутажа.

Сега се поставува прашањето за неговиот статус во тимот. Постои опција да биде испратен на позајмица во Ваљадолид.

Имено, претседател на Ваљадолид е легендарниот Роналдо кој сака да го засили тимот и да го донесе својот сонардник.

Познато е дека Роналдо е во одлични односи со Реал Мадрид, па сака да ја искористи ситуацијата и да го донесе Винисиус како големо засилување за следната сезона.

Се чини дека тоа е добра опција за сите, бидејќи младиот Бразилец ќе може да собира искуство во Примера и да има голема минутажа.