Вин Дизел со трогателна почест за Пол Вокер: „Се надеваме дека си горд“ (видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Највредната MTV награда за филмови, Generation Award, оваа година им беше доделена на учесниците во франшизата Fast and Furious. Наградата ја прими Вин Дизел кој на сцената ги повика и членовите од своето „семејство“, Тајрис, Мишел Родригез и Џордан Брустер.

Дизел не можеше да ја преземе наградата, а да не се потсети на ѕвездата од оваа филмска франшиза, Пол Вокер, кој загина во сообраќајна несреќа.

„Петнаесет години откако мене и на Пол Вокер ни ја доделија наградата за најдобар тандем, стојам овде со своето семејство нагаден со Generation Award. Морам да се заблагодарам на сите режисери, но најмногу се заблагодарувам на нашата генерација која беше спремна да ја прифати оваа мултикултурна франшиза во која не беа важни бојата на кожата и земјата од која доаѓаш, кога сте семејство – семејство сте. Никогаш не би можел да стојам тука, на сцената, а да не оддадам почит на мојот брат Пабло. Се надевам дека си горд“, изјави Дизел.

Публиката оваа посвета ја поздрави со громогласен аплауз и извици, а некои трогнати од истата се расплакаа.