Вимблдон жреб: Ѓоковиќ немаше среќа, лесен пат за Федерер


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Денес беше одржан жребот за неофициалното светско првенство во тенис, третиот Грен слем годинава, Вимблдон, а најлошо помина Новак Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер уште во третото коло би можел да се сретне со незгодниот Дел Потро, во евентуалното четвртфинале со Доминик Тим, додека во полуфиналето потенцијален ривал би му бил Роџер Федерер.

Швајцарецот почнува со Долгополов, потоа го очекува Лајовиќ или квалификант, па најверојатно Миша Зверев и Григор Димитров. Во четврфиналето би се сретнал со Раониќ од кого изгуби лани во полуфиналето.

На другата страна на ждрепката се наоѓа актуелниот шампион Енди Мари, кој одбраната на титулата ќе ја започне против кавлификант. На неговиот пат кон нова титула ќе стојат Рафаел Надал, Стан Вавринка и Марин Чилиќ.