Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Виљареал синоќа режираше големо изненадување и го елиминираше Баерн Минхен во четвртфиналето од Лигата на шампиони.
„Жолтата подморница“ одигра 1:1 на „Алијнац Арената“ што беше доволно за пласман во полуфиналето после победата на домашен терен.
Баерн бркаше негатива, но не создаде големи шанси во првиот дел. Сепак, Левандовски во 52-та минута погоди за водство од 1:0.
Баварците до крајот создадоа неколку шанси и бркаа втор гол за пласман во полуфиналето, но следуваше шок во 88-та минута. Морено додаде до Чукуезе, кој го матираше Ноер за 1:1 и пласман во полуфиналето.