Виљареал го уништи Јуве среде Торино – „Старата дама“ елеминирана од Лига на шампиони


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Јувентус пред синоќешниот натпревар против Виљареал на домашен терен во Торино беше апсолутен фаворит, но на крајот шпанскиот тим е тој кој оди во четвртфиналето со победа во Торино од 0:3.

Резултатот од првиот натпревар во Шпанија беше 1:1 па вечерва се беше отворено. Јувентус добро започна напаѓаше, а Влаховиќ ја погоди и пречката. Создадоа „бјанконерите“ уште некоја прилика, меѓутоа немаше погодок.

Продолжи Јувентус со нападите и во вториот дел иако не беше конкретен како во првото полувреме. Казната за промашувањата стигна кога Ругани во 77. минута беше невнимателен во својот шеснаесетник и направи пенал. Реализатор на најстрогата казна беше Жерард Морено, тоа беше првиот шут во рамките од голот на шпанскиот тим. По тој гол Јувентус тргна по се или ништо, а тоа отвори простор за фудбалерите на Виљареал. Пау Торес зголеми на 0:2, за конечните 0:3 од уште еден пенал да ги постави конечните Даџума.

Треба да се спомене дека за Јувентус ова е трета година во низа во која испаѓа во осминафиналето во Лигата на шампионите што секако е далеку од очекувањата на навивачите.

За разлика од Јувентус Челзи не дозволи изненадувања и запиша уште една победа против Лил за пласман во четвртфиналето.

Францускиот состав прв дојде до водство во 38. минута преку Бурак Јилмаз. Беше тоа гол на надеж за Французите, но нивната радост не траеше долго затоа што Пулишиќ пред крајот на полувремето изедначи на 1:1. Во вториот дел Азпиликуета постигна гол за победа на Челзи и во овој натпревар.