Вил Смит: „Тоа беше единствениот пат во животот кога сум размислувал за самоубиство“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Славниот холивудски актер и комичар, Вил Смит, признал дека во еден период во животот размислувал за самоубиство. Вест ја објавија светските медиуми откако излезе најавата за документарниот серијал „Will Smith: The Best Shape of My Life“.

Во една сцена од најавата Смит седи со семејството на маса со своите три деца и им признава дека во минатото размислувал да си го одземе животот.

„Тоа беше единствен пат во животот кога размислував за самоубиство“, вели Смит.

Актерот во фитнес документарецот од шест делови ќе го покажае својот физички и ментален напредок. Преку приказ на самите тренинзи, документарецот опфаќа разговори за физичките емоционални и ментални препреки со кои актерот се сретнал во намерата да се врати во форма после 50 години.

Премиерата е закажана за 8 ноември.