Викторијански цртежи од 1906 профетски предвидуваат како технологијата ги отуѓува луѓето


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во модерното општество често можете да чуете и прочитате критики дека технологијата ги отуѓува луѓето кои сè повеќе време поминуваат на своите смартфони и други гаџети и компјутери, отколку во лични средби и контакти со пријателите и останатите познаници. А дека овој страв не е нов покажуваат и цртежи од викторијанскиот период, поточно од 1906 година, кои ги објави сатиричниот британски магазин Punch.

Списанието на својата веб страна објави голема количина на викторијански цртежи кои покажуваат колку човештвото е поврзано, без оглед на изминатите години. Списанието беше објавувано од 1841 година до 2002 година, а некои цртежи објавени пред 110 години, со мали додавања и корекции, можат да бидат актуелни како да се денес цртани. Таков е цртежот кој сликовито го опишува влијанието на развојот на новата технологија врз меѓусебните човечки односи, насловен како „Прогнози за 1907“.

3-10-crtez-punch1

На него се прикажани две фигури, женска и машка, како седат близу еден  до друг, но не комуницираат. Наместо тоа, тие се концентрирани на своите телеграфи. Жената прима „љубовна порака“, додека мажот се занимава со „резултатите од трките“.

Кога телеграфот ќе се замени со паметните телефони, а сцената наместо во Хајд Парк да биде во некое кафуле или бар, се добива доста релевантна и веродостојна слика на современите меѓучовечки односи и дистанци кои модерната технологија ги создаде меѓу луѓето.