Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Викторија Бекам ги разочара обожавателите ширум цел свет исклучувајќи ја можноста за одржување на повртаничка турнеја на некогаш еден од најпопуларните женски бендови, Spice Girls.
„Не одам на турнеја. Spice Girls не одат на турнеја“, изјави 43-годишната Викторија за списанието Vogue минатата сабота.
Гласините за можната повртаничка турнеја на „спајсиците“ се раширија на почетокот од овој месец, кога се пишуваше дека планираат повторно да работат заедно на некои „нови можности“, речиси две децении после нивното распаѓање.
Прашана за плановите на некогаш најпопуларната женска музичка група, Бека изјави дека „постои нешто толку моќно во пораката за тоа што застапуваат Spice Girls“. „Што е тоа во иднина? Како тоа изгледа? Ние само нафрламе идеи“.
„Спајсиците“ се собраа минатата недела, прв пат после 2012 година, и објавија дека сакаат повторно да соработуваат и да го оживеат нивното старо мото – „моќ на девојките“. Петте членки на британската група – Викторија Бекам, Мелани Браун, Ема Бантон, Мелани Си и Гери Хорнер – кои постигнаа огромен успех во ’90-те години од минатиот век и ширум светот продадоа 85 милиони албуми, се собраа на иницијатива на бившиот менаџер Сајмон Фулер.
Тие објавија и фотографија од нивното повторно собирање. „Спајсиците“ се разделија во 2000 година, но во неколку наврати на кратко повторно се собираа, како на пример за церемонијалното затворање на Олимписките игри во Лондон во 2012 година.