Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Викторија Бекам завчера го прослави 44-от роденден во Лос Анџелес. Денот беше предвиден за прослава со семејството, додека вечерта ја резервирала за вечера со својата посилна половина-екс фудбалерот Дејвид Бекам.
И двете роденденски комбинации кои ги облекла, беа предмет на интерес на модните медиуми, бидејќи не само што и овде се претстави како најдобра амбасадорка на својот бренд, туку останала доследна на едноставните, а ефектни парчиња.
Таа на Инстаграм објави семејна фотка каде позира со децата од „глава до пети“ во бела комбинација. Белиот комплет е дополнет со интересна јакна која во исто време игра улога на блејзер и кошула.
За вечерната прослава госпоѓата Бекам за својот роденден се одлучила за нежна варијанта-розе миди фустан од свила. Едноставен крој на креација со кимоно ракави, Бекам ја надополни со сандали во пудра боја и кафеава чанта која ја носеше во раце.
Евидентен на оваа фотографија, како што на шега коментираат британските медиуми, е претерано потемнетиот тен и на Викторија и на Дејвид, очигледно и двајцата „потпечени“ од калифорниското сонце.