Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Бившата „спајсица“ и веќе етаблирана модна дизајнерка, Викторија Бекам, „списка“ 1.350 евра за новата хидрирачка крема за лице специјално изработена од нејзината крв.
Сопругата на бившата фудбалска ѕвезда Дејвид Бекам се пофали на социјалните мрежи дека користи крема против брчки направен специјално за неа.
Идејата за новата крема за лице Викторија ја добила минатата недела кога ќерката Харпер (7) ја однела на третман за лице во Германија на клиниката кај популарната докторка Барбара Сурм.
Оваа популарна докторка е позната по својот третман за лице познат и како “вампирско лице“ каде крвта се вбризгува во „проблематичните места“ на лицето и така и помагаат на кожата побрзо да зарасне.
Овој третман за лице е еден од најпопуларните во Холивуд, а се со цел во вечната борба да се спречи стареењето.