Викиликс открива: Овие се хакерските орудија за прислушување од ЦИА


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Ден по најголемото објавување на тајни документи на ЦИА, се покажуваат размерите на разоткриените хакерски алатки. ЦИА систематски ги искористувала безбедносните дупки во смартфоните, компјутерите и електронските уреди.

Интернет платформата Викиликс вчера соопшти дека започнува со објавување на делови од своето најголемо откритие досега со огромно количество документи кои американската тајна служба ЦИА ги означила како строго доверливи. Во соопштението беше наведено дека ќе се откриваат детали за тоа како ЦИА создала и спроведувала глобална хакерска програма.

Истотака, агенцијата злоупотребувала бројни популарни производи од најголемите технолошки компании како што се Ајфон од компанијата Епл и уредите со оперативен систем андроид од компанијата Гугл, оперативниот систем Виндоус од Мајкрософт и телевизорите на Самсунг и ги претворала во свои орудија и скриени уреди за прислушкување.

Викиликс тврди дека до тие информации дошле од мрежата која ја користи Центарот за сајбер разузнување на ЦИА во Вирџинија.

Изворот, како што се наведува во соопштението на Викиликс навел оти причината за откривањето на овие податоци е иницирање јавна дебата за безбедност, креирање, употреба и демократска контрола на сајбер оружјата.

Документите кои се објавени се од периодот од 2013. до 2016. година. Тие се наречени Vault 7, а првиот дел од документацијата која е објавена е Year Zero (Нулта година) и таа содржи над 8.000 документи. Year Zero открива на кој начин ЦИА ги шпионира луѓето ширум светот со помош на уреди кои секојдневно ги употребуваат.