Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
За сите љубители на адреналински авантури, второто издание на фестивалот When in Krusevo, од 30 јуни – 01 јули ќе понуди активен викенд на над 1,000 метри надморска висина исполнет со многу активности и забава на отворено.
Доколку сакате да поминете еден незаборавен викенд, да почувствувате малку возбуда преку ден, а навечер да се забавувате со врвни изведувачи, тогаш пријавете сѐ за учество на второто издание на авантуристичкиот фестивал на крушевското езеро When in Krusevo. Ве очекуваат голем број на спортски настани и тури – мала и голема планинарска и велосипедска тура, планинска трка со TREX, кајакарење и SUP со Kayak Adventures / Кајак Авантури, тандем параглајдинг со Heli XC, off-road уживање со бубите на The Beetles Club, кросфит часови со Fitness Challenge, нуркање за почетници и уште многу други активности!
Во Програмата за фестивалот е предвидена и зона за игри и забава за најмалите авантуристи, за повозрасните ботаничка тура, а учесниците на фестивалот ќе може да ги посетат и Македониумот, Спомен куќата на Тоше Проески и Галеријата на Никола Мартиноски.
За најголемите авантуристи е организирана камп зона покрај крушевското езеро со тоалети и тушеви.
Вечерите се резервирани за добра забава со Igor Dzambazov и GURU HARE, Beta House Band, DJ-и и секако греми наградуваната реге атракција од Јамајка Inner Circle!
Резервирајте ја вашата авантура на When in X или MkTickets или во Југотон и Универзална Сала, и овој викенд на адреналински забави во Крушево.