Home Актуелно Викенд временска прогноза

Викенд временска прогноза

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни претпладне во југозападните и јужните делови од земјава. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во вечерните часови врнежите ќе престанат насекаде.

Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16 Целзиусови степени.

Во Скопје, претежно облачно, околу пладне со повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен северен правец. Максималната температура ќе достигне до 16 степени.

Oд недела следува период на стабилно време со пораст на дневната температура, освен во вторник кога ќе има услови за локални врнежи од дожд. Значително затоплување се очекува од средината на следната седмица.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…