Викенд временска прогноза


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне, претежно на југот и истокот од земјава ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. На места е можно процесите да бидат поинтензивни со појава на град и засилен ветер.

Минималните температури ќе се двиѓат од од 14 до 20 степени Целзиусови, а максималните дневни ќе бидат во интервал од 24 до 32 степени. УВ индексот ќе изнесува 9. УВ индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје, сончево и топло со умерена облачност и максимална дневна температура до 32 степени.

Утре ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои во јужните делови се очекува да бидат поројни и пообилни (над 30л/м2). Локални врнежи од дожд се уште ќе има и во понеделник претпладне.

Во недела и во понеделник ќе дува повремено засилен северен ветер, а температурата значително ќе се намали. Најсвежо ќе биде во недела кога максималната температура на повеќето места ќе биде малку над 20 степени.