Викал Алаху акбар и мавтал со мачета кај Лувр, го застрелал француски војник


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Француски војник што го чувал Лувр во Париз застрела и сериозно повреди човек што носел мачета и извикувал Алаху акбар, соопшти полицијата.

Напаѓачот се обидувал да влезе во подземна трговска област кај музејот.

Според информациите, тој носел или торби или ранец, но не биле пронајдени експлозиви, вели Би-би-си.

Во тек е голема безбедносна операција, а Министерството за внатрешни работи ја опиша ситуацијата како сериозна.