VII-2 одделение од „Владислав Рибникар“ и денеска не одат на настава – родителите поднесоа 7 барања до државата


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“ и утринава не беше огласено школското ѕвоно.

Учениците по една недела се враќаат во училиштето, но наставата сè уште нема да се одржува. Ќе има само разговори со психијатри психолози, заедно со нивните родители, се додека не се процени дека учениците се во состојба да продолжат понатаму. Сепак, на родителите останува дали ќе ги донесат своите деца.

Учениците од одделението 7-мо два, не дојдоа и денеска – не се подготвени да седат во училницата каде 13-годишникот Коста уби најмногу соученици. Велат – како да одиме, кога нема половина одделение. Родителите од кобното седмо два доставија до државата седум барања, меѓу кои.

„Се бара реконструкција на настанот, објаснување како се случил, како се одвива истрагата и во која фаза е, родителите тоа мора да го знаат. Второ, професионално да им се објасни на родителите што ќе биде со момчето и статусот на неговите родители, бидејќи кај децата постои голем страв дека ќе биде на слобода. Под три, тим од надворешни психолози и психијатри кои редовно ќе работат со учениците од VII-2 одд без учество на училишниот педагог и психолог, со цел да се обезбеди непристрасност, изјави Игор Ѓорѓевиќ, претседател на советот на родители во ОУ „Владислав Рибникар“.

Барањата се доставени до сите надлежни институции кои имаат рок од седум дена да ги одговорат. Додека родителите се уште не можат да излезат од шокот, српската опозиција за петок најави нови мирни протести против насилствата. Вучиќ ја обвини опозицијата дека „на брутален начин“ ја злоупотребила трагедијата со единствена цел да употребат насилство и да ја преземат власта преку насилство.

Во меѓувреме, 13-годишниот масовен убиец сè уште е на Клиниката на Психијатрија, а неговиот татко е во притвор. Иако, според законот во Србија не може кривично да одговара, сепак полицијата води истрага за да ги утврди сите факти околу оваа трагедија. Се испитува што пребарувал Коста Кецмановиќ на интернет, како го внесол оружјето и молотовите коктели во училиштето, дали некој и на кој начин го инспирирал да го изврши злосторот и зошто како малолетник бил пуштен во стрелиште каде вежбал стрелање во мети.