Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Познат како „Златниот мост“ или „Рацете на чуварот“, оваа архитектонска градба се наоѓа во близина на Да Нанг, Виетнам а ги освојува и восхитува посетителите со својот елегантен дизајн.
Мостот се издига на 1.400 метри надморска височина над ридовите Ба На и нуди прекрасен поглед кон околните села. златната обоена патека е наредена со виолетови хризантеми и се протега речиси 150 метри со неговиот елегантен дизајн. Всушност, одлично извајаните раце кои „го држат“ го даваат вистинскиот импресивен изглед и предизвикуваат воодушевување кај туристите.
Дизајнот за мостот е дело на архитектноската компанијата „ТА Лендскејп“. Иако изгледа дека рацете се направени од камен, всушност не се.
„Го дизајниравме „скелетот“ на рацете и ги покривме со челични мрежи. Завршивме со фиберстакло. Целата конструкција на мостот траеше околу една година“ – објаснува претставник од компанијата.
Виетнам доживеа туристички бум бидејќи сѐ поголем број на луѓе ја откриваат убавината на оваа извонредна земја.