Виеира: Подготвен сум за Арсенал


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Поранешниот капитен на Арсенал, Патрик Виера ги коментираше гласините што го поврзуваат со кормилото на „топџиите“.

Венгер објави дека го напушта Арсенал после 22 година, а англиските медиуми пренесуваат дека токму Виеира е главен кандидат за негов наследик.

Поранешниот француски репрезентативец во моментов работи како тренер на Њујорк Сити, но најави дека нема да одбие покана од Арсенал.

„Се разбира, за мене е голема чест да бидам поврзан со Арсенал. Поминав таму девет години, го сакам овој клуб. Таму го играв најдобриот фудбал и имам многу добри односи со Арсенал. Подготвен да преземам голем клуб во Европа“, изјави Французинот.

„Не сакам тоа да се гледа како подготвеност за напуштање на Њујорк. Ако прашањето е дали сум подготвен да работам во Европа, тогаш ќе кажам дека сум подготвен. Мислам дека сите ние работиме напорно за да ги преземем најголемите клубови еден ден. Но ако Арсенал ми се јави токму сега, преговорите ќе бидат тешки, бидејќи имаме долга сезона во МЛС“, додаде Виеира.