„Вие сте срам за исламот, треба да ве убијат“ – закани до пејачот поради фотка од сестра му


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Семејството на бившиот член на One Direction, Зајн Малик, доби смртни закани поради фотографијата која на социјалните мрежи ја објави неговата сестра.

На фотографијата се наоѓа божиќно дрвце кое кај припадниците на муслиманската вероисповест предизвика гнев и револт, а семејството го нарекоа срам за исламот.

A photo posted by Safaa?? (@safaamalik) on

Она што очигледно не го знаат револтираните ликови е дека семејството на младиот пејач е со мешана верска припадност, католичка и исламска, па се слават сите католички и сите муслимански празници и се почитуваат обичаите од двете религии.