Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Вонземјаните манипулираат со гените и така создаваат свесни куќи, а со своите летала управуваат со умот – барем така тврди авторот на книгата 10 дена со вонземјани.
Алек Њувалд исчезнал на 10 дена. Бил киднапиран од вонземанјани, кои го одвеле на нивната планета.
Во видеото подолу, детално раскажува дека вонземјаните се премногу напредни и дека споиле технологија со органски компоненти.
Своите куќи ги одгледуваат, а ја контролираат и околината. Со вселенските бродови управуваат директно со умот, а и самите бродови се свесни. Вонземјаните кои го киднапирале биле човеколики, но истакнува дека „можеле да ја зголемат својата вибрација за телата да им бидат помалку густи, а со тоа и способни за вселенски патувања“.
За нивната напредна технологија најзаслужна е генетиката – можат да направат што и да сакаат, вкрстувајќи гени од растенија и животни. Така направиле и свесни куќи и вселенски бродови.
Како си поминал Алек во 10 дена на друга планета, погледнете во видеото, а доколку сте заинтересирани можете да ја побарате и неговата книга.
А, вие како си поминавте на одмор?