Home Вебкафе Видлива со голо око: Научниците ја открија најголемата бактерија на светот

Видлива со голо око: Научниците ја открија најголемата бактерија на светот

Најголемата бактерија на светот е лоцирана во плитките мочуришта на Карибите и може да се види со голо око, бидејќи е со големина и форма на човечка трепка.

Тиомаргарита Магнифика сега е класифицирана како најголемата бактерија во светот. Откриено е дека живее на потонати лисја од Мангрови во распаѓање во близина на Француските антили во Карипското море.

Организмот не е опасен и не може да предизвика болести кај луѓето. Но, неговите димензии се навистина за восхит.

„Овие бактерии се околу 5.000 пати поголеми од повеќето бактерии. И да ги поставиме работите во перспектива, исто е како ние луѓето да сретнеме човек висок како Монт Еверест“, рече Жан-Мари Воланд од националната лабораторија Беркли во соединетите држави.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Хелена Кристенсен: Тајните на блескавата убавина на супермоделката

Кои се ритуалите и третманите за лице што ги следи славната данска убавица и поранешен Вик…