Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Немања Видиќ со години беше столб на одбраната во Манчестер Јунајтед и еден од најдобрите дефанзивци на планетата.
Видиќ се одликуваше со голема борберност и храброст, па поради тоа беше омилен кај „црвените ѓаволи“. Неговите дуели со Дрогба и Торес ќе останат во историјата на Премиер лигата, но беше мета и на неспортски и „валкани“ потези.
„Не сум имал многу ривали кои се „валкани“. Можеби највалкан играч е оној лик од Саутемптон кој подоцна играше и за Ливерпул. Рики Ламберт“, открива Видиќ.
Во последниот меч за Манчестер Јунајтед против Саутемптон, Видиќ го напушти теренот со искрварено лице после дуелот со Ламперт.
„Ме удри со лакт во главата. Како да се бориш против тоа? Никако! Од тогаш тој за мене стана мал човек. Дури ми беше жал за него бидејќи во кариерата не сум запознал играч кој сакал намерно да ме повреди“, заклучи Видиќ.